Во групата на Фејсбук, „Ковид ѕид на срамот“ се најдоа и слики од партиски собир на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Демир Капија, каде бил присутен и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, придружуван од сопартијци, меѓу кои и поранешниот градоначалник на општината, Трајче Димитриев, викан Апаш.
Од сликите јасно се гледа дека при средбата нема никакво растојание меѓу присутните, а згора на тоа, гореспоменатиот поранешeн градоначалник од редовите на ВМРО, Трајче Димитриев фотографиран без заштитна маска.
А. Н. С.