На Јутуб денес се појави уште еден разговор во кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека бизнисменот замешан во случајот „Рекет“, Орце Камчев ги плаќал долговите што врвот на најголемата опозициска партија ги остави зад себе.
Во аудио снимката со наслов Рекет-2, Мицкоски на соговорниците им вели дека „Камчев подал рака“ тогаш кога Мицкоски наследил исклучени струја и кабелска, и парно пред исклучување во седиштето на партијата, како што коментира една од соговорниците во снимката „кога било најтешко“.
A. Н. С.