ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Речиси 10 милиони заразени со Ковид -19 во светот

Од нив починале 498.813, а оздравеле 5.410.258 луѓе.

June 27, 2020 19:53
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 9.992.306. Од нив починале 498.813, а оздравеле 5.410.258 луѓе.

Тирана – Во Албанија, во изминатото деноноќие, од тестираните 355 сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 61 лице, главно вработени во претпријатија со поголем број работници. Вкупната бројка заразени од Ковид-19 сега изнесува 2.330 лица.

Во исто време, оздравени се 48 лица или вкупно 1.346, a починале две лица, со што бројката на починати се зголеми на 53. Активни на болеста се 931, од нив болнички се лекуваат 81 пациент, 12 се на интензивна терапија, додека двајца се интубирани.

Од почетокот на пандемијата во лабораторијата за вирологија при Институтот за јавно здравје направени се 25.918 тестови.

Грција – Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека се регистрирани 23 нови случаи од Ковид-19, а според грчките медиуми осум од нив се од летови од странство и три кај бегалци кои пристигнале на Лезбос. Од почетокот на епидемијата регистрирани се 3.366 случаи на новиот коронавирус.

Кипар – На Кипар регистрирани се два нови случаи на Ковид-19, од направени 1.336 тестови во изминатите 24 часа. Бројот на заразени се зголеми на 994 лица.
Црна Гора – Во Црна Гора, потврдени се уште 30 случаи на коронавирус од 407 тестирани лица. Ова се случаи од Рожаје (13), Подгорица (7), Беране (4), Бјело Поjље (3), Цетиње (1), Улцињ (1) и Никшиќ (1). Во Црна Гора во моментов има 145 активни случаи на Ковид-19.

Koсово – Во Косово во изминатите 24 часа починаа тројца заразени од кооронавирусот, со што бројот на жртви на Ковид-19 се искачи на 47. Вчера се потврдени 62 новозаболени, а вкупно од појавата на епидемијата 2.494 случаи. Според последниот извештај, регистрирани се и 61 новоизлекуван, додека бројката на лица кои ја пребродија болеста изнесува 1.307. Активни во моментов се 1.140 случаи. Вчера се извршени 205, а од почетокот на пандемијата, вкупно 22.930 тестирања

Богота – Во Колумбија досега има најголем дневен пораст на бројот на новозаразени со коронавирусот, со потврдени уште 3.843 случаи. Со тоа, вкупниот број заразени во земјата изнесува 80.811, покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Според Си-Ен-ЕН, починале уште 157 луѓе, со што вкупниот број починати е 2.786. Колумбија е петта земја во светот според број на заразени во Латинска Америка, по Бразил, Перу, Чиле и Мексико.

– Инфекцијата се рашири во 210 земји и прекуокеански територии, со нешто повеќе од 4 милиони активни случаи, од кои 99 проценти имаат лесна клиничка слика, а 50.000, околу 1 процент, имаат тешка или критична клиничка слика. Најголем број на заболени и нови случаи има во САД денеска: вкупно 2,6 милиони инфицирани, од кои 19.914 се регистрирани во последните 24 часа.

Следува Бразил со 1.280.335 пациенти, од кои 56.121 починале, а Русија е на третото место со вкупно 627.646 заразени и вкупно 8.969 смртни случаи.

Индија е на второто место во однос на бројот на заболени во последните 24 часа со 18.292 нови случаи.

Досега починале 127.819 луѓе во САД, 43.514 во Велика Британија, 28.338 во Шпанија и 34.716 во Италија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

ЕК иницира јавна расправа за Акциски план против онлајн насилството

July 22, 2025

САД по третпат го напуштаат УНЕСКО

July 22, 2025

Драматичен пад на популацијата на пчелите во Белгија – 22,5 отсто загуба во една зима

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk