Носителката од СДСМ во изборната единица 5 денеска во Битола порача дека судиите и обвинителите кои застаруваа случаи ќе бидат разрешени и казнети.
Владата која ја предводи СДСМ, посочи Шекеринска, наследи корумпиран и уништен правосуден систем.
– Владата работеше на темелни промени а во вториот мандат ќе се погрижиме 100 проценти законот да е еднаков за сите. Тоа го можеме само со стабилно мнозинство и период во кој следува прочистување во правосудството. Законот е еднаков за сите. Не се мешаме во судството но инсистираме на правда, изјави Шекеринска.