„За една економија да се развива и расте, потребни се и сериозни инвестиции во инфраструктурата за подобро и поефикасно поврзување внатре и надвор. Во новиот мандат градиме експресни патишта во должина од 300 километри и локални патишта во должина од 950 километри и продолжуваме со сериозни инвестиции во гасификација“, порача претседателот на СДСМ, на денешната прес-конференција во Штип, на која беше презентирана Програма на Коалицијата „Можеме“.
Заев најави инвестиции во патната инфраструктура, за уште подобро да бидат поврзани граѓаните од целата држава. Источниот регион, рече Заев, е пример како може да се инвестира и развива.
Заев најави 2,2 милијарди јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции.
Тој на денеска од Штип вети инвестиции во висина од 3,3 милијарди евра.
„Се обврзуваме на над една милијарда евра странски инвестиции за 4 години, засновани на иновации, на висок степен на финализација на производи и услуги и оддржливост на бизнисите. За 4 години ќе има 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции“, најави Заев.
Тој порача дека тоа ќе донесе намалување на невработеноста на ниво од 3% годишно и едноцифрена невработеност до крајот на мандатот. „За една економија да се развива и расте, потребни се и сериозни инвестиции во инфраструктурата за подобро и поефикасно поврзување внатре и надвор“, додаде Заев.