ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров ја повика Силјановска да каже дали се залага за поништување на Преспанскиот договор

June 29, 2020 17:14
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот за пратеник и носител на листа на СДСМ во ИЕ1, Никола Димитров денеска ја повика неговата ривалка, Гордана Силјановска Давкова, која е носител на ВМРО-ДПМНЕ во истата изборна единица, да и појасни на јавноста дали се залага за поништување на Преспанскиот договор.

– Слушнавме во текот на викендот дека Гордана Силјановска ќе барала да се поништи Преспанскиот договор. Договор што го поддржаа речиси 610.000 македонски граѓани на рефередумот, што за да биде успешен не ни фалеа гласови за, туку против. Договор што го поддржаа две третини од пратениците во Собранието, што не зачлени во НАТО и ни ги отвори вратите за членство во ЕУ, изјави денеска пред паркот „Жена борец“ Димитров.

Како што истакна, името што сме го наследиле од нашите предци и што е константа во сите сложени имиња во историјата на македонската држава, е името и именката Македонија.

– Прво, по Втората светска војна како Демократска Федерална Македонија, во 46-та, Народна Република Македонија, подоцна од 63-та, Социјалистичка Република Македонија, па Република Македонија, во независноста, и сега Северна Македонија. Која е константата во сите овие сложени имиња – именката Македонија. Ниту сме ние Мадагаскар, ниту сме ние Маурициус или Монголија, уште помалку Скопје, посочи Димитров, потсетувајќи на зборовите на медијаторот Метју Нимиц, оти по Преспа веќе никој не може да спори дека во Северна Македонија живеат Македонци кои зборуваат македонски јазик.

Димитров запраша дали тоа значи дека Силјаноска се залага да го поништиме Договорот што е гарант на македонската иднина, дека се залага да го симнеме знамето на НАТО од пред Собранието, да заборавиме на ЕУ и оти повеќе сакаме преплатени споменици и да ни се обраќаат со Поранешна југословенска Република Македонија.

– Дали вие г-ѓа Силјаноска сте подготвена за последиците од ваквиот чекор. Дали сте вие воопшто сериозни. Во слепиот занос за власт ќе рушите историски чекори што воопшто не ги разбирате. Со каква тоа неподнослива леснотија се дрзнувате да се расфрлате со вакви закани по македонската иднина. Зошто тогаш неодамна во ваш пост анализа се повикавте токму на Преспанскиот договор во одбрана на македонскиот јазик. Ако вашата понуда е поништување на Преспа, што им нудите на Македонците кои зборуваат македонски јазик како алтернатива за НАТО членството и за пристапниот процес со ЕУ, рече Димитров.

Тој ја запраша својата опонентка, дали ако била пратеничка во досегашниот состав на Собранието како ќе гласала на прашањето на собранискиот спикер – дали сте за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

– Разбирам дека Силјаноска често делува небаре се срами од партијата што ја кандидирала и чијшто носител е и јас би се срамел. Но, освен што не го познава Статутот, очигледно не ја прочитала ниту програмата каде ВМРО-ДПМНЕ сепак не се осмелува да отиде дотаму па црно-бело да напише дека ќе го поништи Договорот, гаранција за македонската иднина, истакна Димитров, повикувајќи ја уште еднаш да појасни на јавноста дали се залага за поништување на Преспанскиот договор.

Next Post

Во Холандија почна аукција за 5Г фреквенции

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 12 мај 2026: Експлозивен нов почеток и силна акција

May 11, 2026

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk