ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гордана Силјановска Давкова избега, не одговарајќи на ниту едно прашање од Саше Политико

June 29, 2020 00:09
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Гордана С. Давкова, носителка на листата во ИЕ1, минатогодишната претседателска кандидатка на Мицкоски, се обиде да одржи прес конференција или што и да претставуваше тој неделен пладневен настан во Градскиот парк во Скопје. Веројатно, тоа требаше да биде само уште еден типично здодевен политички настап, со познатите предизборни флоскули и помали или поголеми гафови на кои јавноста е навикната. Но, тоа не беше замислата и на Саше Ивановски – Политико од Мактел.

Во својот познат манир, контроверзниот новинар ја опсипа Давкова со серија прашања, а тука некаде заврши и здодевниот дел од оваа приказна и се претвори во кратко, но набиено улично шоу. Публиката е веќе добро запознаена дека Саше најчесто самиот ги снима овие свои активистички походи во живо, неретко изложувајќи се и самиот на ризик, не следејќи ги правилата и стандардите.

Саше Политико побара од Давкова да го каже својот став за најновите аудио снимки во кои се слушаат нејзиниот партиски шеф и Орце Камчев како водат скандалозни разговори за подмирување на партиските долгови. Давкова одговори дека не ги слушнала снимките и не е запознаена со случајот, но тоа не само што не беше доволно за новинарот, туку беше повод да започне со серија непријатни прашања и комуникација на висок тон.

Саше Политико, без оглед на тоа колку некому му се допаѓа начинот на неговата работа или не, разоткри и поттикна неколку работи. Од овој своевиден дуел во Градскиот парк меѓу него и носителката на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ, може да се извлечат непријатни заклучоци и уште помалку пријатни потсетувања на неславното минато.

Пред сѐ, Г. С. Давкова тврди дека не е информирана за најактуелните и најкоментираните теми. Саше Политико со право ѝ забележа дека тоа станува нејзина навика – за сите прашања кои се непријатни за нејзиниот шеф Мицкоски, таа вели дека не знае. Не видела, не прочитала, не слушнала, не е запознаена… Всушност, откако застана на политичката сцена, Давкова никогаш не одговори директно на ниту едно прашање од медиумите, туку на прашањата кои се непријатни за неа, нејзиниот шеф и за партијата во чие име бара гласови, Давкова одговара со релативизирање и со обвинувања на сметка на своите политички противници.

Понатаму, сосема очигледно беше дека Давкова нема никаква намера да одговори на било кое од бројните прашања од новинарот. Ја прекина својата прес конференција (или што и да беше тоа) и тргна да бега од местото на настанот. Упорниот Саше не ја остави на мир, туку инсистираше, во неговиот својствен кавгаџиски стил, да добие одговори на своите прашања. Неуспешни беа и убедувањата и блокирањето на ентуражот на Давкова. Канонадата од прашања продолжи, но одговор немаше. За ентуражот на Давкова, пак, се погрижи онлајн заедницата.

На социјалните мрежи се појавија слики од Гордана Силјановска, сликана во придружба на лицата кои беа организатори и тепачи на студентите на плоштадот во Скопје во 2009 година.

Кампањата на Гога на предводат лица кои беа организатори и тепачи на студентите на плоштад. Професорке, со каков образ вие ќе се појавите пред студентите и младите и ќе зборите за правда, иднина? Ова се лица кои беа соучесници во 11 годишното зло на режимот! Засрамете се! – пишува во објавата на Твитер.

И на Фејсбук се појави крајно компромитирачки материјал. Тоа е фотографија на која Г. С. Давкова е на состанок со Дејан Митревски, кој заедно со Миле Јанакиески е осомничен во судски процес за криминал (предмет ,,Шпански скали”) тежок 2.2 милиони евра.

На социјалните мрежи се појавија и низа други реакции, во кои најчесто поставувано беше прашањето како политичар кој не е информиран за најактуелните случувања во државата, може да води предизборна кампања.

Неславен ден за Давкова, само уште еден работен ден за Саше Политико… Изборната кампања е во полн ек.

Џ. Дерала
во соработка со тимот

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сончево и топло до 38 степени

НАЈНОВО

фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk