Паднаа политичките маски и реториката за реформи во ВМРО-ДПМНЕ. Актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ секој ден повеќе се разоткрива дека не станува збор за никакфа реформа туку се заедно, а дури и подржувани, од поранешното раководство на партијата.
Носителот на листата на оваа партија, Александар Николоски, денеска се пофали со слики и видео, дека добил подршка од поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов, најконтроверзниот претседател кој ќе се памти за партиско мотивирани одлуки додека беше претседател.
Иванов се памти по за обидот за аболиција на сите поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за кои имаше постапки во судови и обвинителства.
Денес сум горд што добив поддршка од претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов, мојот професор од студентските денови од кого научив многу за политиката која сега ја применувам е најчесниот и најискрен претседател кого Македонија го имала. Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротистави на националното обезличување на Македонија. Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања, напиша Николоски во пост на Фејсбук.
А. З.