На Јутуб утринава се појави уште една аудио снимка, овојпат со наслов Рекет-5, од разговор меѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и осудениот за „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец.
Во краткиот разговор, соговорниците зборат на тема финансирање од страна на поранешниот прв човек на УБК и братучед на осудениот Груевски, Сашо Мијалков, кој дал два пати по 5.000 евра за опозициската ДПМНЕ да организира протест против, како што сами велат, политиките на власта на СДСМ.
Во разговорот, Мицкоски вика „Сашо никогаш не доаѓа во партија, Сашо даде двапати по 5.000 евра за автобусите за 2 јуни кога беше, тоа е од Сашо донацијата“.
А. Н. С.