ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Силно веруваме во концептот „Парите кај граѓаните“, повисоки плати и раст и на најниските пензии

Лидерот на СДСМ истакна дека нудат модел што ги штити работните места на граѓаните, генерира повисоки плати и подобри работни места и обезбедува повеќе пари во секое семејство.

June 29, 2020 13:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter
Во изминатите две и пол години, СДСМ во целост го реализираше концептот Парите назад кај граѓаните со што се зголеми животниот стандард и куповната моќ на нашите граѓани, а оовој концепт не отстапивме и во време на глобална економска и здравствена криза, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во Дојран.

Тој додаде дека концептот Парите кај граѓаните е концепт во кој силно веруваат и оти тоа ќе го покажат во следниот мандат, парите уште повеќе ќе завршуваат кај граѓаните.
-До крајот на мандатот минималната плата ја креваме на 20.000 денари. Тоа е за дури 120 отсто повеќе од минималната плата од 9.000 денари на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година. Со СДСМ платите во сите сектори ќе растат уште повеќе. Просечната плата до крајот на мандатот ќе ја кренеме на 34.000 денари.
Истовремено со раст на платите ќе растат и пензиите. Најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21 отсто, изјави Заев.
Најави дека успешниот проект Мој ДДВ ќе продолжи и во следните четири години и дека прагот за месечен поврат на ДДВ ќе се зголеми од 600 на 800 денари месечно.
-Тоа, оцени, значи 2.400 денари на квартално ниво, тоа значи 9.600 денари на годишно ниво. Тоа е приход плус во секое семејство, екстра пари кои ќе се вратат назад во економијата.
Лидерот на СДСМ истакна дека нудат модел што ги штити работните места на граѓаните, генерира повисоки плати и подобри работни места и обезбедува повеќе пари во секое семејство.
-Затоа, порача, на 15 јули очекуваме силна поддршка за нашиот концепт кој обезбедува повеќе пари кај секој граѓанин. На 15 јули со поддршка на бројот 3 и Коалицијата „Можеме“ граѓаните ќе потврдат дека повисоки плати и пензии, повеќе пари во семејствата е вистинскиот, правиот пат по кој треба да се движат нашата држава и нашата економија./МИА/
Next Post

Во прилепско денес 5 нови случаи на Ковид-19, моментално 33 активни случаи во општината

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk