Министерот за внатерешни работи од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Наќе Чулев, заприметен е во кафуле во Кочани со кандидатот за пратеник Миле Лефков. Како што може да се примети од фотографиите, Чулев не носи заштитна маска додека е во друштво со својот сопартиец.
Активист на СДСМ му пристапил на Чулев го предупредиле дека ги крши прописите со тоа што не носи заштитна маска и му дал заштитна маска.
Ова е само еден дел од серијалите каде челниците и кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ не ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, и го загрозуваат здравјето на граѓаните.
Кога првиот човек на МВР јавно и на сред бел ден не почитува мерки за заштита, како очекуваме тоа да го прават другите граѓани, се дел од коментарите на социјалните мрежи
Д. Е.