ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Европскиот Парламент бара изборна кампања без лаги и заплашувања

Европратениците потсетуваат и дека договорите за добрососедство со Грција и Бугарија ќе бидат „во самиот центар на европската иднина на Северна Македонија“, навестувајќи го со ова и фокусот на преговарачката рамка на Брисел во идните преговори за членство во ЕУ.

June 30, 2020 08:52
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европратениците одговорни за односите со Северна Македонија во Европскиот Парламент бараат кредибилна, транспарентна и објективна изборна кампања без дезинформации и заплашувања, јави дописничката на МИА од Брисел.

-На 15 јули, народот на Северна Македонија ќе го искористи своето право да одлучи кој ќе владее со државата во следните четири години водејќи ја низ клучните фази на макотрпните преговори со ЕУ, изјави известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук.

Неговата порака пред изборите во Северна Македонија, заедно со претседателот и потпретседателката на Мешовитиот парламентарен комитет, Андреас Шнајдер и Марион Валсман, се дека овие избори ќе бидат тест за политичката зрелост на земјата.

Со оглед на здравствената криза, европратениците бараат од сите политички чинители да се однесуваат одговорно.

-Бараме од властите да обезбедат фер изборен процес и соодветни заштитни здравствени мерки, пишуваат европратениците.

Тие потсетуваат и дека договорите за добрососедство со Грција и Бугарија ќе бидат „во самиот центар на европската иднина на Северна Македонија“, навестувајќи го со ова и фокусот на преговарачката рамка на Брисел во идните преговори за членство во ЕУ.

-Преку инклузивност, толерантност и позитивна дипломатија, Северна Македонија покажа дека е посветена да ги надмине внатрешните и надворешните поделби, поставувајќи пример за целото соседство. Продолжувањето на меѓупартискиот дијалог после изборите е од најголема важност. Најновата членка на НАТО има потреба од политичка извесност за да продолжи на патот на демократската консолидација и процесот на трансформација, е пораката на Европарламентот две недели пред парламентарните избори.

По изборите, потсетуваат пратениците, потребни ќе бидат целосно функционални институции како и посветена опозиција за да ја водат државата низ економската криза пост-ковид како и исполнувањето на ЕУ реформите.

Парламентот ги поздравува напорите на Европската Комисија да ја презентира преговарачката рамка што е можно побргу и бара од земјите членки да ја усвојат без одлагање./МИА/ 

Next Post

Првата современа фабрика за отпад во земјава ќе се гради наредната година

НАЈНОВО

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
МИА

Даме Димитровски избран за претседател на Советот на Град Скопје

November 7, 2025
МИА

Ѓорѓиевски: Со Градскиот воз, БРТ системот и ЈСП скопјани конечно ќе добијат ефикасен јавен транспорт

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk