Mинистерот Дамјан Манчевски, во Утрински брифинг истакна дека ова е прва кампања во историјата на нашата држава во која не се зборува за членство во НАТО и ЕУ, затоа што ние сме веќе и официјално членка на НАТО и почнуваме преговори со Европската унија.
Сега темите кои ја обележуваат оваа кампања и на средбите со граѓаните се решавање на секојдневните потреби на граѓаните, за економијата, здравството, образованието, за локални проблеми, посочи министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски на гостувањето во Утрински брифинг.
За НАТО, немаме повеќе што да зборуваме, после 30 години Северна Македонија е членка на НАТО, тоа е завршена работа, рече Манчевски.