Драги гледачи, го гледате дербито помеѓу тимовите на „Победа“ и „Fitore“ (Победа на албански јазик). Така почнува еден од најновите предизборни спотови на владејачката ДУИ со кои партијата ја промовира својата идеја за премиер Албанец, пренесе 360 степени.
По првите кадри, гласот на коментаторот вели:
„Натпреварот почна, но тука има нееднаквост. „Победа“ има седум играчи на теренот против еден играч на „Fitore“. Ова не е во ред, ова е неправедно. Резултатот може да се предвиди“, вели коментаророт во предизборниот спот на ДУИ.
И додека течат кадрите како „Победа“ ја полни мрежата на „Fitore“, коментаторот прашува:
https://www.facebook.com/AliAhmetiOfficial/videos/596130014618929/
„Но почекајте, што се случува на теренот? Засилување доаѓа за тимот на „Fitore“ и силите се изедначија“, вели коментаорот.
Меѓу засилувањето на екипата на „Fitore“ е и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Почнува да се бори без топка а потоа дава и голови.
„Публиката е на нозе , екипата на „Fitore“ се опоравува и се движи кон нерешено, зошто да не и победа. Гооол и натпреварот завршува со заслужено нерешено. Каква игра, каков пресврт на резултатот, пријатели.
Откако натпреварот завршува нерешено, екипите на „Победа“ и „Fitore“ пријателски се поздравуваат. Спотот завршува со слоганот
„Време е за првиот премиер Албанец“, вели коментаторот.