– Tоа што го ветивме го испорачавме политиката ја водевме преку парламентот и преку Владата, законите се изготвени и консултирани со европската делегација, усогласени со европското право. Парламентот со целата мачнотија на блокирање на сите овие процеси со нас кои што беа во овие две ипол години ги донесе законите. Ниту Заев, ниту Мицкоски, ниту боло кој од политичарите ги бираат претседателите на судски совет, на судови, на академии за судови или слично, тоа е разликата помеѓу нашата перцепција за правосудството и на нашиот опонент, заради тоа што правосудните органи ослучуваат самостојно, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев во дуелот со Христијан Мицкоски на ТВ 24.
Тој нагласи дека законодавството беше најголема обрска и кон тоа СДСМ и Владата се насочи.
„Законодавството беше наша обврска и тоа го направивме. Прочистувањето на судството следува доправа како процес за да може да се исчисти судството од сите они криминални структури во судството, мотивирани за пари, кои што работат под конекции и влијанија на политиката и слично за да може чесните судии да работат“
Заев истакна дека блокирањето на законот за ЈО беше заради Империја, заради пусти пари и сега веќе согледавме дека се работи за поткуп добро осмислен, организиран и поддржан од господинот Мицкоски да се спроведе преку Орце Камчев, Зоран Кическиот, Катица Јанева, Боки 13 ка. Се работело само за пусти пари, за финансирање на кампањата, за парите за партијата и за слично, потенцира Заев во дуелот со Мицковски на ТВ 24.
Ј. Ѓ.