ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Петровден – празникот на Кочани, без масовни собирања и настани

July 1, 2020 09:02
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одбележувањето на Петровден, Празникот на градот Кочани, беше главна точка на средбата на градоначалникот Николчо Илијев со координаторите на советничките групи во Советот на Општина Кочани, известуваат од Општина Кочани.

–  Здравјето на граѓаните е пред сè. Затоа, со оглед на целокупната состојба со здравствената криза, ризик е да се организираат собири и празнувања што ќе придонесат за масовно групирање на граѓаните. Сметам дека не е препорачливо и безбедно, па оттука сакам да размениме мислења за предлогот, оваа година Петровден да го одбележиме скромно и достоинствено, а содржините кои традиционално се дел од програмата „Петровденски конаци“ да ги надоместиме во побезбедни и посигурни услови – предложи градоначалникот Илијев.

Советниците беа единствени во поддршката на ставот на градоначалникот.  Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Лазо Митев го образложи своето мислење дека здравствената криза не е надмината, а токму непочитувањето на мерките за заштита од ширење на коронавирусот придонесуваат за нејзино продлабочување.

– Важно е ние да постапиме исправно и законски и етички, наше е да препорачаме и да  побараме совесно однесување од граѓаните. Не ми се допаѓа тоа што секојдневно го гледам, граѓаните се шетаат без заштитна опрема, не почитуваат растојание, се групираат. Ние не треба да иницираме настани коишто уште повеќе ќе го нарушат јавното здравје – истакна Митев.

Коментирајќи ја потребата од друг вид културни дејности, советникот Венко Крстевски истакна дека во овој период акцент треба да се даде на творците и содржините кои  работат индивидуално и на формите што не бараат масовност.

Илијев најави дека во наредниот период е обезбедена реализација на ликовни проекти, а предложи Советот дополнително да решава за измени на Програмата за култура и осмислување нови содржини во услови на КОВИД-19.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk