Носителот на листата на СДСМ во втората изборна единица, Оливер Спадовски, ја разобличи предизборната игра на ДУИ.
На дебатната емисија во ТВ21, Спасовски му одговори на Адеми објаснувајќи му ги сите контрадикторности.
„Не се согласувам со уцените на господинот Адеми. Ако нешто сме постигнале како влада тоа било договор, а не од уцени. Сега имате кандидат за премиер, но ниту еден збор не кажавте што ќе правете за граѓаните, Македонците, Албанците и сите други. Вие немате кандидат за премиер од вашата партија, туку господинот Насер Зибери, кој пред десет дена изјави дека не се согласува со вашата идеја. Ова е само демагогија, продавате флоскули”, рече Спасовски.
А.Зеќири