Дајте ни шанса да држиме економски лекции не на ВМРО-ДПМНЕ, туку на целиот регион. Оваа наша убава земја, има квалитетна почва, стратешка географска положба, работлив народ, млади образовани луѓе, со сиот овој потенцијал ние може еден ден да создадеме европски стандард на живеење“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва во Струга.
Нашата програма ја нарековме читанка и во неа е предвидено зголемување на платите од минимум 25 проценти за еден мандат, а пензиите ќе се зголемат за минимум 20 проценти, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хриситјан Мицкоски вечерва во обраќањето во Македонски Брод.
„Ќе го вратиме стариот закон за нивелирање на пензиите. Минимум 4 милијарди инвестиции домашни и странски. За секој оној што ќе вработи млад човек до 29 години – нула данок. Ќе реновираме болници, докторите да си ги вратиме дома. Да не бидеме извозници на здравствени работници. И 640 милиони евра субвенции за земјоделците и гарантиран откуп. И многу други работи ќе најдете во оваа читанка. Затоа масовно излезете и поддржете ја програмата за обнова на Македонија“, рече Мицкоски.