Фејсбук пост на Кристина Костова:
Добро, зарем навистина вмраната мисли дека таа една, извадена од контекст, фразичка ќе направи да заборавиме на десетте години невидена тортура на која беше изложен приватниот сектор?
Дека со години не му се враќаше долгот што државата го имаше кон стопанството, ма, дека воопшто не кажуваа колкав е тој долг?
Навистина мислат дека ќе заборавиме на криминалните и насилнички упади на грујовата клика во сите добростоечки фирми?
Дека ќе заборавиме на драконските казни од сите можни инспекторати?
Дека ќе заборавиме на вооружаните упади во фирмите на неистомислениците?
Дека ќе заборавиме на мафијашкото преземање на „Бетон Штип“ или на обидот да се преземе „Фершпед“ и еден куп други фирми?
Или дека ќе заборавиме на криминалната шема во чиј центар е „Ексико“, а која е стационирана во оф-шор рајот Белизе?
Или дека сме до толку глупи, па не знаеме од каде му две милијарди евра на Груевски за да кај другар му
Орбан си го плати мирот во Будимпешта?
Не е народот глуп, туку ВМРО постојано и дрско го потценува, како во нивните реклами, така и во реалноста.
Кристина Костова, пост на Фејсбук.