„Како партија покажавме дека сме конзистентни во креиерање на мерки и на политики, Сетовите мерките кои ги презедовме во време на пандемијата се долгорочни затоа што знаевме дека ќе влеземе во избори, но и ако продолжи пандемијата на есен и ако бидеме погодени од здравствена криза, стопанството ќе може адекватно да одговори. Ние ќе можеме и знаеме да се справиме, секое работно место да го зачуваме, а само така ќе продолжиме со растот и развојот.“- коментираше претседателот на комисијата за финансии на СДСМ, Фатмир Битиќи, на вестите на телевизија Сител.
Тој потеницираше дека во изборната програма на СДСМ во фокусот останува човечкиот капитал и креирањето модерна економија.
„Во изборната прогама сме посветени на човечкиот капитал, развојот, третирањето на човечките ресурси, тоа е модерна економија, и затоа за нас е битно секое работно место да остане, но и достоинствено да биде платено за продуктивноста и ефикасноста. Затоа нашите мерки поредвидуваат зголемување за 30 отсто на просечната плата, значи таа ќе оди до 34 000 денари, исто и на минималната плата која од 14 500 сега ќе оди на 20 000 денари, но со реална поддршка на стопанството, затоа што само така стопанството ќе може да се развива.“- изјави Битиќи.