Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
УВ зрачењето ќе биде 9.
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Попладне и во Скопската Котлина ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 35 степени.
Под влијание на понестабилна воздушна маса, следуваат денови кога во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за поинтензивни процеси во форма на локално невреме.
Нестабилно на повеќе места ќе биде за време на викендот, кога ќе има и намалување на дневната температура./MИА/