Во Предлог-преговарачката рамка што вчера ја усвои Европската комисија, одредницата што се користи за именување на јазикот е – македонски (Macedonian), без никакви дополнителни објаснувања или фусноти. Ова може да се земе како чин на официјално признавање на македонскиот јазик на ниво на ЕУ и негова промоција во еден од официјалните јазици на Европската Унија во иднина.
Ова предизвика различни реакции и коментари на социјалните мрежи.
Реакциите, барем на социјалната мрежа Твитер генерално се однесуваат на познатите фрази кои ги користат приврзаниците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, каде најчесто се нагласува како власта предводена од Заев „го продале јазикот и идентитетот“, иако сите домашни и меѓународни органи јасно потенцираа дека според Преспанскиот договор, народот и јазикот се македонски.
Дури и самиот Алексис Ципрас во грчкото Собрание нѐ нарече Македонци кои зборуваат македонски јазик.
Сепак, опозициските следбеници упорно ја практикуваат таа негативна реторика, па твитерџиите, со ниво на сарказам, но и оправдано исмевање по убавите вести од ЕК, им враќаат на нивните обиди за дискредитирање на убавата вест.
И. Е.