ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

ДФРМ едногласно ги поддржа мерките за спас на филмската фела и македонската кинематографија

July 3, 2020 12:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Друштвото на филмските работници на Македонија на последното собрание ги поддржа двете мерки донесени од Агенцијата за филм на РСМ. Првата мерка се однесува за ургентно префрлање на рата за проектите што се завршени или се во поодмината фаза на реализација, а втората за директна финансиска помош за независните филмски работници, оние кои егзистираат единствено од работа на филмски проекти и немаат други приходи.

-Двете мерки се донесени интервентно, земајќи ја предвид моменталната ситуација со светската пандемија предизвикана од вирусот Ковид-19, а нивната цел е да се помогне и одржи кревката македонска кинематографија. Истите или слични мерки се спроведуваат во безмалку сите земји во Европа. На собранието на ДФРМ, едногласно беа поздравени овие потези, знаејќи дека во изминативе шест месеци работата на филм во државата беше во целосен застој, информираат од ДФРМ.

Едногласно, од страна на собранието беше донесен заклучок дека со индигнација се отфрлаат и осудуваат неодамнешните написи во одредени медиуми, како и обвиненијата на поединци во врска со споменатите мерки.

-Политичките притисоци на тие поединци, каде се издвојува името на нашиот режисер Милчо Манчевски, претставуваат атак на домашната кинематографија, со единствена цел да се остварат лични интереси во време на предизборни активности на политичките партии. Ваквото однесување нè враќа кон времињата на едноумие и нетранспарентност, кога огромни средства со години се префрлуваа на поединци и им беа исплаќани екстремно високи хонорари. На тој начин се оставаше малку простор за афирмација и работа на голем дел од филмската фела, посебно кај младите професионалци. ДФРМ смета дека овој начин на функционирање треба да го ставиме зад нас, посебно во периодот кога македонската кинематографија има свој драматичен подем, велат од ДФРМ.

Оттаму потенцираат дека македонските филмови се дел од најпрестижните филмски фестивали и ја освојуваат светската публика преку филмските фестивали како Санденс, Берлин, Кан, па сè до огромниот успех на годинашната церемонија на американската Академија, каде нашата земја се закити со две номинации за Оскар.

ДФРМ испраќа апел до политичките партии и одредени медиуми, да не подлегнуваат на притисоците и манипулативните конструкции кои, наведуваат, ги лиферуваат поединци за сопствен бенефит.

-Сметаме дека треба јасно и недвосмислено да се искаже ставот дека е недозволиво, македонската филмска фела да биде заложник на таквите интереси и со тоа да назадува националната кинематографија. Посакуваме заедно, посветено и транспарентно, да ги почитуваме пропишаните критериуми кои мора да важат за сите подеднакво и да продолжиме со афирмацијата на нашиот филм и култура во светот, велат од ДФРМ.

Членовите на Друштвото на филмските работници на Македонија истакнуваат дека нивното здружение е единственото релевантно од областа на филмот во нашата земја.

-ДФРМ e член е на IMAGO, светската асоција на кинематографери, член на FERA, европската асоцијација на филмски режисери, основач е и организатор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и ја поседува лиценцата за избор на национален претставник за наградата Оскар, доверена од страна на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука. Оваа година Друштвото на филмските работници прославува 70 години од своето основање, посочуваат од ДФРМ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk