ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Распишан јавниот повик на Град Скопје за субвенции на инвертери

July 3, 2020 13:01
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Град Скопје денеска го распиша јавниот повик за субвенции на инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата. Согласно условите на овој јавен повик се отвора можноста за над пет илјади граѓани на Град Скопје да им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62 илјади денари во нето износ.

Како што беше соопштено на прес-конференцијата на Градот, сите граѓани на територија на Град Скопје кои немаат искористено субвенции за затоплување на своите домаќинства и кои немаат приклучок или можност да се приклучат на централното греење во објектот каде ќе биде инсталиран уредот имаат право да учествуваат на овој повик. Набавениот уред потребно е да биде монтиран во објектот со адреса од личната карта на самиот барател.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1 јануари 2020 година, до завршувањето на повикот, а тоа е 30 ноември 2020 година или до денот на исцрпување на средствата од самата субвенција за кое Градот дополнително ќе извести.

– Новитет оваа година е условот граѓаните доброволно да ја достават и тоа без надоместок постојната печка на дрва, јаглен, нафта или мазут, на локацијата која дополнително ќе им ја соопштиме. Овие субвенции се дел од мерките предвидени во планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на стратегијата за климатски промени на Град Скопје, посочија на прес-конференцијата.

Согласно многубројните истражувања што Град Скопје ги направи за квалитетот на воздухот во градот, најголемото учество во емисијата ПМ10 и ПМ 2,5 честичките има затоплувањето на домовите каде нема централно греење. Ова, како што велат од Градот, се јавува пред се заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, начинот на неговото чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки.

– Инвертерите за затоплување се економични, еколошки, не користат фосилни горива, а истовремено го постигнуваат максималното задоволство при затоплувањето на домовите на граѓаните. Со субвенциите за овие уреди создаваме услови за поголем број граѓани да се одлучат да инвестираат во нов начин на греење со кои ќе се намали загадувањето на воздухот, ќе се намалат трошоците за греење, а ќе се подобри и нивото на комфорт и удобност во нивните домови, посочија од Град Скопје.

Заради кризата со пандемијата Ковид-19 и зголемениот интерес на граѓаните за овој вид субвенции оваа година пријавувањето ќе се одвива по електронски пат. Повеќе детали во врска со начинот на апликација, условите и потребните формулари за пријавувањето може да се најдат на официјалната страна на Градот.

Заради парламентарните избори, исплатата на средствата ќе започне да се реализира по официјалното завршување на изборниот процес

Next Post

ЦИВИЛ прес: Граѓаните очекуваат слободни, демократски и безбедни избори и мирен постизборен период

Shortcut

Најново

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk