ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лукаревска: Со бокс во лице на жена не се „исправа” држава, однесувањето на Јанушев е за секоја осуда

Таа рече дека парламентарното мнозинство на СДСМ и на коалицијата му кажаа „не“ на насилството кога го изгласаа новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, кој целосно е усогласен со Истанбулската конвенција.

July 3, 2020 19:50
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Социјалдемократскиот сојуз денеска е со граѓаните во Гази Баба. Дојдовме да поразговараме со граѓаните како да продолжиме, да разговараме за иднината, а слушнавме дека генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ се заканува со бокс на жена. Кому тие велат „Исправи се” кога се чукаат во гради? Како и кого ќе исправат? Така што ќе удираат жени со бокс во лице?  Тоа што го слушнавме од генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Јанушев е за најголема осуда. Лицемерна политика, лаги и манипулации е нивниот начин. Насилството е апсолутно недозволиво, истакна носителката на листата во Изборната единица 2, Сања Лукаревска.

Таа рече дека парламентарното мнозинство на СДСМ и на коалицијата му кажаа „не“ на насилството кога го изгласаа новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, кој целосно е усогласен со Истанбулската конвенција.

– Најголемо „не“ за насилството, не овде, не било каде! Ние градиме модерна иднина, со луѓе со идеи за позитивни промени. Градиме систем, градиме инфраструктура. Секој ден градиме врски. Ќе ги подобриме патните врски во земјата и со регионот, со изградба на 260 километри автопатишта, 300 километри експресни патишта, а го продолжуваме и проектот „Македонија без кал”. Ќе изградиме уште 950 километри локални патишта. Како одговорни луѓе, парите на граѓаните ги  насочуваме  кон  нивните  вистински  потреби. За три години се изградени преку 400 километри водовод и канализација, а ќе изградиме уште 500 и ќе вложиме дополнителни 100 милиони евра за сите општини, посочи Лукаревска.

Ако пред 2014- та ги прашаа граѓаните, потенцира таа, веројатно ќе кажеа „не“ за расфрлање на 800 милиони евра на стиропор, лажен барок и споменици. Нагласи дека Социјалдемократскиот сојуз планира заедно со граѓаните, а тие сакаат парите да бидат инвестирани во проекти што ќе им бидат корисни.

– Во изминтите три години покажавме дека може и поинаку, дека сме свесни за потребите и ги решаваме без лажен сјај, кич и манипулација. Со поддршка на Владата, овде во општина Гази Баба се гради инфраструктура на која граѓаните чекаа со децении. Веќе се подготвува техничка документација за реконструкција и изградба на патната инфраструктура во Хиподром, Ќерамидница и Сингелиќ. Заедно со локалната самоуправа, се реконструирани 67 улици, изградени се осум паркинг простори, пешачки патеки во должина од над 10.000 метри, канализација во Јурумлери, во Трубарево, во новата населба Хиподром 2, изготвен е ГИС систем на општината. Е така се работи за граѓаните!, рече Лукаревска.

Истакна дека ќе продолжат со уште посилна динамика, се посветуваат на развојот, рамномерно на целата територија на државата.

– Инвестираме  во комуналната инфраструктура за да обезбедиме подобри услови за работа и на компаниите во индустриските зони и да ја заштитиме  животната средина. Социјалдемократскиот сојуз покажа дека може да ги менува работите на подобро дури и кога почнува од минус. Така беше пред три години, но направивме разлика и ќе продолжиме да работиме со уште посилно темпо и подобри резултати. Продолжуваме, со победа на 15 ти, зашто Можеме и уште подобро и уште повеќе!, додаде Лукаревска./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Инаугурација на папата Лав Четиринаесетти. Фото: Скриншот

Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

May 18, 2025

Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК

May 18, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ: Студентите се заведени од социјалните мрежи и нивните професори, не ме интересираат никакви барања, само народот ќе се слуша

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk