Две нови аудио снимки се појавија на Јутјуб, од разговори меѓу носителот ИЕ3 и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, и некогашниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пренесува А1 он.
Во првиот разговор се слуша како двајцата зборуваат за списоци „бележени како МИОА“ на луѓе за кои некој треба да „гарантира за нив“ бидејќи има реакции од Општинскиот комитет. Проблеми им прави извесна Даниела, па Јанушев му вели на Јанакиески:
– Шефе од таа му е преку к** више, ако ја видам… ќе и дадам еден бокс у фаца.
Вториот разговор е именуван „Мапирани списоци“.
Во оваа снимка повторно се слушаат Јанушев и Јанакиески. Тие зборуваат за списоци на гласачи за избори, како и колку од впишаните се вработени.
Д. Е.