За мене не е прашање веќе дали можеме да успееме да ги реализираме сите проекти кои што се зацртани или кои што ги бараат граѓаните во наредниот период, јас сум сигурен дека можеме многу повеќе и многу подобро да направиме од тоа што направивме во овие две ипол години, порача вечерва носителoт на листата од ИЕ 2 од коалицијата „Можеме“ Оливер Спасовски на трибина на која се одржува на ФОН.
Пред мене се поставува само едно прашање, зошто ако можеше да се решат многу инфраструктурни проблеми за две ипол години, зошто не се решија за 25 години во минатото?, истакна претседателот на Владата, Спасовски.