Има една екипица на ФБ што секојдневно меѓусебно се јача и повикува други да не гласаат на претстојните избори, затоа што се немало избор. Ако им го проверите хаштагот, ќе видите дека постираат истите два-тројца, но и ќе забележите дека тоа се кандидати на Левица од 2016-та.
Е сега, иако е легитимна наивната позиција дека го мењаш светот ако не гласаш мислејќи дека бескрупулозните политичари ќе се фатат за глава кога ќе сфатат дека маргиналниот газ не дошол на гласање, сепак не може да се побегне од впечатокот дека се работи за злобни лузери што повикуваат сите да се откажат само затоа што они испаднале од играта. Имено, системот беше совладлив, избор имаше, победата беше на дофат, светот беше менлив… ама на минатите избори, кога они беа кандидати! Овојпат, кога не се кандидати, викаат дека системот е трул, дека ништо нема да се постигне, дека нема избор и сл. Па, нели е малце поише нарцисоидно да го легитимираш процесот со твоето учество во него? Нели е детски да ја прекинуваш играта ако ти не учествуваш?
Притоа, иако му се љути на Стаљин од Велес за тоа што на клоци ги избрка од партијата што они ја создадоа, од што се инати магарешки, не сфаќаат дека со своето однесување го помагаат токму неговиот избор (помала излезност – повеќе шанси за помали партии). Сите они го знаеја длакавиот леприкон од порано. Знаеја дека е психопат, дека е болен за власт, дека е лажов и автократ и дека кога ќе дојде време ќе ги прати во гулаг, ама сепак си застанаа рамо до рамо со него на минатите избори, му ја дадоа да ја води првата изборна единица (каде беа најголемите шанси за успех), па после му дадоа да се кандидира на локалните во Велес… Кога ни го препорачуваа на изборите во 2016-та и 2017-та, тогаш имаше избор? Тогаш системот се мењаше од внатре со само еден пратеник во собрание или советник во општина?
Не, дечки, вие сте криви за неговото политичко етаблирање. Вие сте и криви што денешната политичка левица е окупирана од нацисти. Затоа што дозволивте црнокошуљашите да ви ја земат партијата, да ви ги земат парите и ресурсите, да ви го одземат угледот, затоа имавте обврска да си ја кренете организацијата на нови темели и да не му дозволите на кретенот да помириса пратенички мандат. Вие имавте две години да понудите алтернатива, ама седите во своите глувчешки дупки и се појавувате сега сред утакмица и барате никој да не игра/гледа/навива затоа што вие не играте.
Феjсбук пост на Никола Наумоски