Мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележува дека Фејсбук страницата „Налет да се сторите“ повторно е активна. На страницата се забележуваат нови содржини, со иста тематика како претходните и со ненамален интензитет на закани и говор на омраза.
На 29 јуни на страницата имаше објава за Ненад Јовановиќ на која во коментар „Слобода или Смрт“ отворено се закани на активистот. Цивил на 30 јуни на својата платформа извести за случајот, по што страницата исчезна од Фејсбук 4 дена.
За објавата на ЦИВИЛ реагираат во нова објава со нивниот својствен стил, со говор на омраза, и ја споделиле редовно поврзаните страници „Павел Шатев“ и „Види Види“
Објавите на страницата „Налет да се сторите“ им се допаѓаат на страници со слични содржини, како и на некои што немаат допирни точки со „темите“ што се обработуваат на страницата, како на пример страницата „Visit Macedonia“ која на Фејсбук се претставува како туристички водич.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно детектира и архивира содржини со говор на омраза и дел од тие ги објавувва на својата медумска платформа. ЦИВИЛ ги повикува надлежните институции да се ангажираат максимално во спречувањето на ширење на говор на омраза, и да ги санкционира соодветно. Говорот на омраза во едно цивилизирано општество никако не треба да биде дозволено, и треба да се искорени. Од говорот на омраза лесно се преминува на дела од омраза.