ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Отворивме 64.000 работни места, за четири години ќе отвориме 100.000

July 4, 2020 22:02
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Носевме храбри одлуки, имавме став, затворивме важни децениски прашања, изградивме мостови, ги зачуваме сите важни атрибути, па создадовме пријатели и отворивме врати за економски развој на државата. Не калкулиравме со политичкиот рејтинг, туку им служевме на народот, на татковината, а се што правевме и правиме е за младите, за децата, зашто тие се иднината за да продолжиме напред. За две и полгодини отворивме 64.000 работни места, за четири години ќе отвориме 100.000, за да ги задржиме младите дома, порача лидерот на СДСМ , Зоран Заев на вечерашната трибина во Крива Паланка.

Според него, сега државата има ветар во грб, поддршка од соседите, па, како што рече, токму затоа, можеме уште повеќе и подобро.

– Го исполнивме аманетот на предците, на нашите прадедовци, кои се бореа во НОБ, создавајќи држава, кои се бореа во Балканските војни, за да имаме македонски народ и држава, за да имаме македонски јазик. А македонскиот народ и јазик се признаени денес во целиот свет, според член 35 од договорот со НАТО, безбедноста ни е загарантирана, имаме имотен лист и не сме повеќе ФИРОМ, туку Северна Република Македонија, членка на НАТО, во која живеат Македонци. Пред неколку дена ЕУ ја отвори преговарачката рамка, а зошто токму на дестина дена пред изборите, па затоа што тоа нуди прогресивна политика, а тоа нека им биде јасно на квази-патриотите Мицковски, Јанушев и останатите. Тоа е прв официјален чекор дека македонскиот јазик ќе биде службен јазик во ЕУ, дека целото Европско законодавство ќе се преведе на македонски јазик, а нашиот јазик ќе биде достапен во европските библиотеки и ќе се изучува и во Рим, и во Виена, и во Берлин. Во септември-октомври пак, кога ќе ги отвориме поглавјата, како што ќе се затвораат кластерите, етапно ќе се отвораат фондовите, кои ќе ни бидат достапни како на сите земји-членки на ЕУ. Се тоа за нашите и ваши деца, за младите, за идните генерации, зашто сите не боли што се надвор, во туѓина. Тоа ќе го промениме, и вратите на НАТО и ЕУ што ги отворивме, нема да дозволиме да ни се затворат, нема назад во изолација, рече Заев пред кривопаланчани.

Тој посочи дека за две и полгодини се зголемиле просечната и минималната плата, а порача дека во следниот мандат, просечната плата ќе достигне 34.000 денари, додека минималната ќе биде 20.000 денари.

 

 

 

Next Post

Митрески: Изборот на 15 јули е лесен или парите кај граѓаните или во белата палата

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

October 31, 2025

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk