Сопругата на претседателот Пендаровски, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска сподели видео во кое порачува сите да се придржуваат до трите најважни мерки за превенција од коронавирусот. Таа во видеото покажува како правилно да се постапува со заштитна маска за еднократна употреба и апелира да се одржува потребното растојание од 2 метра секогаш кога тоа е возможно.
Новиот коронавирус, за жал, останува меѓу нас. Вестите за загубени животи и новозаболени сограѓани се дел од нашата реалност. За доброто на сите, неопходно е сите заедно да ги почитуваме препораките: Миење раце, одржување растојание од 2 м и носење маска. Чувајте се!, стои во постот на Ѓоргиевска на Фејсбук.
А. Н. С.