ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Вмро е Фрицел, Македонија е Кампуш, а Историјата е подрум!

July 5, 2020 23:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

“Твојот шовинизам потекнува од твојата телесна згрченост, од твојата душевна опстипација. Мал човеку. Не ти го кажувам ова за да ти се ругам, туку затоа што сум ти пријател, иако ти ги убиваш своите пријатели кога ќе ти ја кажат вистината. Погледај ги малку тие свои патриоти: тие не чекорат, тие маршираат. Тие не го мразат непријателот, тие имаат заколнати душмани што ги менуваат секој десет години, од исконскиот непријател прваат пријатели и исконски пријатели, а од пријателите од искона прават повторно заколнати душмани. Тие не пеат песни, тие маршираат, врескајќи химни.”

Се надевам дека нема да ми забележите што колумната ја почнувам со Вилхелм Рајх.

Со овој мал текст што веќе го објавив на Фејсбук.

Ми се допаѓа светлината што ја фрла врз нашиот контекст.

Како да го цитирал моето љубовно писмо на вмороните.

И до сите несреќници во Македонија.

Маршот на Малиот човек кон смртта.

Со зурли, тапани и химни.

Со радост со каква на времето не испраќаа во ЈНА.

Општеството треба да биде на штрек и пред најмалите шанси да биде вратено во времето на груевистичкиот режим на чипираните идиоти, но тоа не е најстрашното што ќе му се случи ако на 15 јули реши со нови кофи корони да се врати на инфективната клиника на Историјата.

Кај доктор Жмицко.

Таму ќе види не режим, дури не ниту болнички режим, туку агоничен распад на организмот.

Мислите дека претерувам?!

ВМРО е, драги мои, Фрицел кој на Македонија гледа како на Наташа Кампуш, а на Историјата како на свој подрум.

Се сеќавате на ебачината што ни ја приредуваше цели единаесет години?

И на трудноќите од кои го породивме овој неверојатен културен и морален вакуум.

Малото е веќе пораснато, но без лигаменти и синапси.

Како да е лошо закрпено од делови: Шупакот му е на местото на устата, очите му се на грбот, а носот на местото на гениталиите.

Притоа, Наташа призна дека едно време се била заљубила во својот злотвор, односно дека не било се силување.

Фасцинантно е тоа неверојатно единство на болеста и криминалот, со просташтвото, инфантилноста, амбициозноста, неукоста и затвореноста, како гарнир од ментални артичоки и варен компир.

Македонецот вморон е како триатлонец кој во текот на натпреварот бара од Светската атлетска федерација да ги смени правилата и наместо со точаци едната етапа да се вози со коњи.
И целта на трката во Лос Ангелес, да биде во Крушево.

Вмро е доктор кој ковидот го лечи со шумечки магнезиум со вкус на јагода.

Вмро е компанија која од Македонците прави прагови на пругата по која Лигњата ќе може да оди на одмор во својата приватна касарна на брегот на Охридското езеро. Или, дур до Будимпешта, на ходочастење кај главниот ебач.

Концептот на Македонија и за Македонија, во овој светоглед се распаѓа на митот за вмро, а со оглед на тоа дека митот е лажен, се распаѓа во лага, односно во ништо.

Кое на изборите се јавува под реден број 14.

Чиста несреќа, во новата нумерологија тоа што беше број 13 во старата.

Тука не станува збор за обичен криминал. Дури не и за голем криминал. Тука станува збор за изместување на целиот ентитет од матриксот на Историјата. На современоста. Македонецот кој дозволил да биде претворен во вморон, е како човек кој дозволил да биде претворен во кондор без крила, во лав без грива или во магаре без кур.

Во историски евнух.

Ова, драги мои, не се поетски метафори, ова се политички и филозофски метафори кои треба, се надевам, на еден нематфоричен начин да ни кажат дека си имаме работа со лудаци кои се обидуваат врз целата нација да ја аплицираат откаченоста од времето, од стварноста, од нормалноста.

Од сите нас да направат лудаци.

ВМРО не е политика.

Срѓа Поповиќ на времето викаше за српските радикали дека тие не се политика, туку дека се болест.

Тоа е вмро кај нас.

Ова со изборите не е никаков политички натпревар.

Ова е борба за преживување.

Борба да се совлада смртоносниот вирус спакуван како политичка партија и понуда во која точно може да се препознае болеста.

За тоа се работи.

Им завидувам на оние кои на целата ситуација гледаат како што неутралците гледаат на некој фудбалски натпревар. Сеедно им е кој ќе победи. Или навиваат за послабиот односно против домаќинот.

Тоа е така шармантно и меланхолично.

Инфантилно и, по малку, кретенски.

Горан Марковоќ вели дека би било добро ако Србите почнат спрема претседателот Вучиќ да се однесуваат како спрема болен човек, односно ако ги остават бесот, омразата и спрдачината кои често ги чувствуваат после неговите јавни настапи, затоа што нему, имено, му е потребна помош, тој е болен човек и тоа во основа менува се.

Во Македонија тоа беше Груевски, а сега е Жмицко.

На сдсм треба да му се признаат неверојатните остварувања во ослободувањето на општеството.

Тоа што ја остави раправата со чипираните идиоти како прашање на слободата и правото, а не репресијата и силата. За историскиот успех околу евроинтегрциите не сакам ниту да зборувам. Обидете се да се ослободите од влијанието на осмислената хистерија која ви сугерира дека не не бива и дека за тоа е виновна власта и ќе видите три работи:

Прво, Македонија никогаш немала поголеми шанси да се регистрира за новиот циклус на Историјата.

Всушност, веќе се регистрира.

Второ, реалната политичка плурализација не е можна без ликвидација или маргинализација на вмро.

Без темелна девмровизација.

Трето, треба да не загрижува созннието дека со македонскиот медиумски сервис од 2020, Менгеле, Борман и Ајхман, не ни морале да бегаат во Парагвај по Втората светска војна, туку би учествувале во телевизиски дебати кај Атанас.

И на избори би оделе со Аденауер.

Загрижува податокот дека 20 проценти од гласачите изјавуваат дека би гласале за вмро. И покрај се: Сето раководство, со се лидерот и целата организација, им се обвинети, а некои и осудени како злосторничка инсталација, а тие се јавуваат како фактори на обновата во која веруваваат 20 отсто од бирачите. Па, чекај малку бе! Тоа е голема маса која очигледно е дотерана да се раководи според припадноста и нема никакви други вредносни критериуми.

Тоа е секта.

Чие растројство ќе мора да биде примарен културолошки, политички, образовен и медиумски предизвик по 15 јули.

Четврто: За да престанеме да бираме меѓу помалото и поголемото зло, треба да го ампутираме поголемото.

Петто: Секогаш ќе имаме афери и корупции, нема власт која не е обележана со тие зла, против тоа треба да се бориме, но не така што ќе си ја запалиме куќата. Не е паметно стварноста да ја толкуваме и третираме врз основа на идеалните модели, туку да разбереме дека одењето до идеалните модели е долго и речиси бескрајно патување.

Памет у глава.

Тоа е.

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk