ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Различни ветувања од партиите, во фокусот младите и економијата

Партиите и денеска продолжуваат со изборните активности. Носителите на кандидатските листи ќе посетат повеќе општини и ќе се сретнат со граѓаните. 

July 6, 2020 08:16
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Правда за сите, администрација по европски стандарди, сигурност, просперитет, борба против корупцијата и криминалот, обнова на правосудството, подобар живот за младите, реформи во образованието, ова синоќа им го ветија политичките партии на граѓаните во рамки на предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули.

Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби со граѓаните, согласно здравствените протоколи. СДСМ и Коалицијата „Можеме“ се во Штип и Ѓорче Петров, а ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за „Обнова на Македонија“ ќе ги посетат општините Василево, Босилово и Ново Село.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа од граѓанската трибина во Чаир порача дека заврши времето на груевизмот и национализмот.

– Заврши лажниот патриотизам. Живееме во 21 век, во ера на глобализација и дигитализација. Граѓаните ќе поддржат сериозна опција која гарантира европска иднина, ќе поддржат политичари кои носат храбри одлуки за доброто на сите, а ние покажавме дека патот по кој чекориме е вистинскиот и по него ќе продолжиме – правда, економија, екологија, спорт, единство, пријателство. Друг пат нема, друга алетрнатива нема, рече Заев.

Заев се осврна на досега сработеното и најави победа на изборите. Тој од Чаир упати порака и до младите – да не расмислуваат за надвор.
-Останете дома, јас ќе се борам, сите заедно ќе се бориме. Овде е предизвикот, овде ќе бидат реформите, овде ќе се европеизира државата, тука ќе се подигнуваат стандардите. Тоа е патриотизам. Се што направивме досега, секој ризик и храбра одлука беше за младите, за вас, за следните генерации. Ќе создадеме амбиент кој е веќе почнат, но тој амбиент ќе биде уште поуспешен за да ги вратиме и оние што заминаа, подвлече Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој беше во Крушево, рече дека овие избори се историски бидејќи, како што рече, треба да се трасира иднината на македонското поколение, но и да се обели образот на нашите предци.

– На 16 јули, пак, сите заеднички ќе ги засукаме ракавите и ќе ја кренеме нашата држава од пепелта во која што ни ја оставија Заев и СДСМ, истакна Мицкоски, кој ја обвини власта за национално предавство, за криминал и корупција.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа од Дебар побара масовна поддршка од граѓаните за Северна Македонија да го добие првиот премиер Албанец.

-Со вашата масовна поддршка, како и досега, ќе ја оствариме и оваа идеја, Северна Македонија да има прв премир Албанец. Убеден сум дека нема сила која ќе ја запре идејата на ДУИ. Не можам да ги разберам Заев, Мицковски и други лидери на партии, зошто не може да ја поддржат идејата и ние да станеме дел од напредокот на оваа земја. Треба да знаат дека сонот за прв премиер Албанец ја зголемува довербата меѓу заедниците, порача Ахмети.

Според него, премиерот Албанец нема да работи само за Албанците, туку за сите етнички заедници во оваа земја, за нејзиниот напредок во секој поглед. Посочи дека неговата партија не се занимава со навреди кон другите и додаде оти потребно ни е заедништво за остварување на европскиот сон и развој на државата што ќе обезбеди подобри услови за сите, посебно за младите да останат тука.

Пред дебрани се обрати и кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери.

– Нашата визија е праведна, таа визија е за сите, без оглед на национална, верска или партиска припадност. Ова е една голема одлука на лидерот на ДУИ која сум убеден дека ќе стане реалност со што ќе го урнеме и последниот бастион за рамноправност, зашто не земаме ни грам од никого, туку го реализираме она што ни припаѓа, рече Зибери.

Партиите и денеска продолжуваат со изборните активности. Носителите на кандидатските листи ќе посетат повеќе општини и ќе се сретнат со граѓаните.

Next Post

Досега 341 смртен случај од Ковид-19

Shortcut

Најново

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026
Фото: Скирншот, АП

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026
Илустрација: Banking Stock photos by Vecteezy 

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026
Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk