Нова пародија од многу коментираните спотови од изборната кампања и митинзите на ВМРО-ДПМНЕ. Фејсбук страницата Сеир објави компилација од митинг во Демир Хисар каде носителот на пратеничка листа и единствениот ослободен за случајот „Насилство во Собранието“, Игор Дурловски, малку се збуни и не успеа да каже кој пат ќе го ревитализираат.
На видеотo е надоврзан и клип од предизборна кампања на Дурловски, кој е носител на пратеничка листа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во петтата изборна единица, како и други спотови на ВМРО-ДПМНЕ.