ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Шекеринска: По сите грешки на минатата влада, автопатот Кичево – Охрид е во последна фаза, до крајот на 2021 ќе биде комплетно функционален

Од моментот кога бевме избрани и ја добивме одговорноста покажавме како е да се работи плански. Обезбедивме целосна документација, ги обезбедивме сите неопходни средства, обезбедивме повторно да се работи на делницата Кичево - Охрид, рече министерката Шекеринска пред присутните претставници на медиумите.

July 7, 2020 13:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска изврши увид на градежни работи на автопатот Кичево – Охрид.

Претходниве денови слушате многу за автопатот Кичево – Охрид и затоа денеска сум тука за да можеме сите со свои очи да се увериме колку се опасни лагите кои што ги испраќаат оние кои барем на оваа тема би требало постојано да молчат.

Автопатот Кичево – Охрид е ветен, почнат, државата ни е задолжена веќе многу години, и после 4 – 5 години владеење на ВМРО ДПМНЕ видовме дека оставиле проект кој е започнат беа документација, без пресметки, без план, меѓутоа единственото нешто што го завршиле било она што го чувме во бомбите а тоа е договор за 15 до 18 милиони евра провизија.

Провизијата ја зеле, ама проекти и проектна документација не оставиле. Како Влада наследивме обврска која што беше почната но беше почната и поставена на глава. Овој пример, автопатот Кичево – Охрид е доказ, колку е тешко од кал да извадиш нешто што е оставено без проект, без план, без документација и без ред.

Од моментот кога бевме избрани и ја добивме одговорноста покажавме како е да се работи плански. Обезбедивме целосна документација, ги обезбедивме сите неопходни средства, обезбедивме повторно да се работи на делницата Кичево – Охрид. Ако ВМРО ДПМНЕ остави проект од Кичево до Охрид да е автопат без ниту една клучка, успеавме во проектот да се стават 9 клучки кои ќе обезбедат комуникација на населението коешто живее помеѓу овие две општини и започнавме работа на неколку делници од кои само една можете да ја видите овде.

Според  информациите на сите оние кои што се вклучени во проектот најголемиот дел од тунелските решенија е завршен, најголемиот дел од тешките точки коишто не беа проектирани како треба се завршени, и откако ја обезбедивме и потребната механизација, работници и потребните средства, повторно се започна изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Очекуваме овој автопат со целосна инфраструктура со 9 клучки автопат како што личи во секоја нормална држава да биде завршен до крајот на 2021 година.

Ние градиме со план, не градиме на збор, не градиме со провизии. Затоа граѓаните можат тоа да го видат со свои очи. Со свои очи не можеа да го видат она што го градеше ВМРО ДПМНЕ но со свои очи можеа да видат како 15 до 18 милиони евра се дадени за провизија за Груевски и неговата група.

Затоа наместо да поставуваат прашања за автопатот Кичево – Охрид овие од ВМРО ДПМНЕ треба да го повикаат Груевски и да му побараат да и ги врати на државата 15-те  до 18-те милиони евра коишто ги зема од овој автопат и го остави неизграден, без тунели и без клучки. На темава ВМРО ДПМНЕ треба и да молчи и да одговара, изјави министерката за одбрана Шекеринска при посетата на градежните работи на патот Кичево – Охрид.

Next Post

Комбе со мигранти предизвика сообраќајка во Струмица, дел од патниците се разбегале

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk