Министерот за надворешни работи и носител на листата коалицијата „Можеме” во Изборната единица 1, рече дека лично и тој е разочаран од правдата, но повика „да не се предаваме од борбата за правда и правна држава“.
Во видео порака со која им се обрати на разочараните и неопределените граѓани, им вети дека ќе се бори за правда и ќе успеат заедно како што успеале за интеграциите.
Нема доволно правда. И ако ме прашате дали сум и jас разочаран, апсолутно сум. Но, да кренам раце, на краj памет не ми доаѓа. Во моjот ресор, душата jа оставив. Таа огромна планина се искачи, постигнавме децениски цели, влеговме во НАТО и на чекор сме од почеток на пристапни преговори со ЕУ, во фаза сме кога се разговара за таа динамика и се усвоjува Преговарачката рамка.
Денес сакам да ви ветам лично jас, истата жар и енергиjа што ги вложив за првата голема планина, ќе ги вложам за оваа држава да има правда. Сега кога безбедноста, предвидливоста, иднината и границите веќе не се прашања, на сите ни е jасно коjа е следната голема битка, тоа е битката против корупциjата, криминалот и подземjето, вели Димитров во видео пораката. Седењето дома е бело знаме и предавање во однос на правдата, рече Димитров, кој ги повикува граѓаните да излезат да гласаат на 15 јули.
A. З.