Заменик министерката за внатрешни работи од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, на Твитер објави фотографии од средбата со просветни работници, заедно со претседателот на Владата, Оливер Спасовски. Петровска најави нови 7500 места во градинките и бесплатна градинка за семејствата со ниски приходи.
Со @o_spasovski имавме средба со просветните работници.
Вложуваме во најмладите и во образованието.
Нови 7500 места за децата во инклузивни и енергетски ефикасни градинки.
Бесплатна градинка за сите деца од семејства со ниски приходи. Медиумска писменост во училиштата!#Можеме pic.twitter.com/qysWZwC2cb— Slavjanka Petrovska (@SlavjankaPetrov) July 8, 2020
Со премиерот Спасовски имавме средба со просветните работници. Вложуваме во најмладите и во образованието. Нови 7500 места за децата во инклузивни и енергетски ефикасни градинки. Бесплатна градинка за сите деца од семејства со ниски приходи. Медиумска писменост во училиштата, напиша Петровска на Твитер.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата со граѓаните од Дојран на која присуствуваше и носителот на изборната листа во ИЕ 4, Александар Николоски, рече дека „по 15 јули кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, доаѓа и правдата, а во име на правдата сите кои се огрешиле пред законот ќе одговараат“.