ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Доставени картичките за „зелена нафта“ во Струмичкиот регион

July 11, 2020 11:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Струмичкиот регион денеска беа доставени картичките за „зелена нафта“ за сите нови корисници од овој регион, односно за сите оние кои за првпат годинава ја користат мерката, оние кои ги оштетиле или изгубиле претходните картички.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски изјави дека веќе од почетокот на следната недела, преку подрачните единици на МЗШВ, ќе се поделат и останатите нови картички во сите региони во државата. Тој рече дека оние кои веќе имаат картички од лани, по автоматизам ќе бидат надополнети и ќе може да почнат со користење на картичките, односно да точат „еуродизел за земјоделска механизација“.

– Преку оваа мерка, во овој момент опфаќаме околу 51.000 земјоделци. Вкупната поддршка за оваа мерка изнесува 224 милиони денари. Ова се сериозни средства кои ги враќаме кај земјоделците токму во време кога имаат и најмногу активности на поле. Со оваа мерка, која што за првпат ја воведе Владата од минатата година, се придонесува за намалување на производствените трошоци, земјоделското производство е одржливо, а кај земјоделците остануваат повеќе пари, посочи Димковски.

Тој информира дека право на користење на оваа поддршка имаат сите земјоделци кои биле корисници на субвенции по Програма 2019 година. – Кој колку пари ќе има на платежната картичка зависи од големината површините и земјоделските култури за кои конкурирале земјоделците за субвенции во 2019 година, рече тој.

Димковски информира дека лани кофинансирањето на трошоците за набавка на „зелена нафта“ за земјоделска механизација беше 30 отсто, додека оваа година поддршката е зголемена на 50 проценти.

– Безготовинската зелена картичка е персонализирана и е наменета за набавка на дизел гориво на која било бензинска станица на АД „Макпетрол“ на целата територија. Со картичката не може да се подигаат пари или да се купуваат други производи. Картичката може да се користи повеќекратно се до исцрпување на средствата. Од првото точење на гориво, земјоделците добиваат сметка на која може да видат уште колку средства имаат на располагање на картичката, истакна Димковски.

Next Post

Ангеловска на тркалезна маса на СБ: Светска банка останува наш посветен партнер

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk