На интернет порталот „Република“ по грешка беше објавена порака на крајот од текст насловен како „СДСМ во паника: Тргнато видеото на кое се слуша како Заев договара паѓање на судски случај“.
Во пораката која најверојатно била по грешка ископирана, се вели „Направете една вест дека СДСМ во паника го бутна видеото каде се гледа како Заев договара пропаѓање на судски случај“
Ударни наслови со истата тематика беа пласирани и на порталите како што се „Нетпрес“ и „Курир“.
А. Н. С.