ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Политичка енцефалографија

July 12, 2020 12:14
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Да имаме политичката енцефалографија со нормални наоди како услов за влез во изборниот процес на кандидатите за управување со државата и општеството, јас мислам дека пред вмро-дпмне нон-стоп би светеле црвени сијалички пред затворените врати.

Елементарната нормалност би морала да ја одбие и партијата со таков историски багаж и нејзината актуелна блаблабла понуда како недостојни да влезат во процедура, како злосторнички карикатури пред кои не се отвора ниту првото ниво на апликацијата.

Но, немаме такви алгоритми. Наместо тоа ние имаме шест проценти разлика меѓу понудата на Можеме и на Обнова што е исто како разликата меѓу Монт Еверест и Водно да ја сведете на неколку сантиметри.

Па кај го има тоа?

Мислам, тоа нивелирање на драстичните разлики.

Во корист на сопствената штета.

Погледот од врвот на светот да мислиш да го менуваш за поглед од Средно Водно!

Драги пријатели,

Ве повикувам на 15 јули да излеземе и да гласаме.

Јас ќе гласам за коалицијата Можеме.

Убаво би било ако и вие го заокружите бројот три.

Екипата на Заев можеме да ја направиме уште подобра.

Сите други можат нас да нѐ направат уште полоши.

Обновата е респиратор за короната.

Бојкотот е ветер во едрата на најлошите.

Успешниот бојкот е вовед во хаос.

Во високонапредно фиброризирање на општествениот организам, во експлозија на белите дробови, во агонија и смрт.

Не претерувам.

Проекциите на идеални модели кај нас не е израз на стремежот кон подобро туку се инструмент за предизвикување на неверојатни субјективни чувства на незадоволството кои полека се вообличуваат во елементи на распаѓањето.

Мачно и бавно, но Македонија се движи напред.

Би можела да оди и побргу и полесно да не е исполнета со многу злоба, завист, некултура, примитивизам.

Нашата внатрешна кондиција не е сјајна, но ако престанеме да се пијанчиме со неверојатните брљи на комитскиот отров на вмро-дпмне, можеме да се рехабилитираме и да отидеме многу далеку.

Клучните прашања на безбедноста, идентитетот и одржливиот развој се решени безмалку на феноменален начин.

Со совладување на неверојатни внатрешни отпори пред доброто за граѓаните.

Слушам дека и опозицијата, која на тие теми успеа на Македонија да ѝ упропасти триесет години, е спремна да ги прифати тие решенија.

В ред, но ние ќе бараме отштета за претрпените штети од нивните лудачки отпори.

Драги пријатели, мораме да ја негуваме свеста за историчноста на процесите.

Уште многу избори и власти ќе поминеме и никогаш нема да можеме да седнеме и да речеме: фала богу, тоа е тоа.

Животот постојано ни ги изместува целите и отвора нови предизвици.

Тоа е толку природно.

Важни се целите, но поважно е патувањето кон нив.

Важно е тоа патување да биде успешно, забавно, корисно, одржливо во однос на тој правец – напред и само напред.

Затоа ве повикувам да гласаме.

Дури и ако не сте задоволни.

Или сте разочарани.

Во тој случај имате уште поубедливи причини да гласате.

Вие што мислите да не гласате, во најголем дел, го претставувате свесниот и морално устроен дел од општеството, но со негласањето го хендикепирате својот корпус и го фаворизирате најдолното просташтво.

Чукнете, не во дрво, оставете го Влатко, чукнете си во глава. Три пати. Или колку пати треба за да ви се спојат синапсите на граѓанската одговорност.

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Владанка Димковска: Еден чекор поблиску до ЕУ

НАЈНОВО

Кина гради џиновски ветерни турбини отпорни на тајфуни

October 8, 2025

Пораст на златото за 54% од почетокот на годината

October 8, 2025

Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk