Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, денеска заедно со другите членови од избирачкиот одбор, ја посети Општинската изборна комисија на Општина Гази Баба, за да ја земат потребната заштитна опрема, со цел да се спроведе гласањето на болните од ковид-19 и лицата во самоизолација.
-Изборите во услови на пандемија се исклучително ретки, но и тогаш треба да им се овозможи на луѓето кои се засегнати од неа да го остварат своето право на глас. Денес, како лекар, ја исполнив граѓанската обврска, но и професионалната должност базирана на Хипократовата заклетва и бев дел од посебниот здравствен избирачки одбор за остварување на правото на глас на граѓани во самоизолација/болни од Covid-19- напиша првата дама на својот Фејсбук профил.