И покрај јасните информации од ДИК дека гласачките ливчиња од денешното и вчерашно гласање на изнемоштени и болни лица, како и на оние кои се во самоизолација или се болни од Ковид-19, не се бројат истиот ден и тие ќе бидат броени заедно со гласовите од главниот ден на избори, на интернет некои од позвучните имиња на одредени партии постојано објавуваат неточни бројки и информации за наводно водство.
Дезинформациите, од објави на профили на социјални мрежи се прошириja и по некои портали, генерално познати по пласирање непроверени или половични информации, иако таквата постапка води кон наведување на гласачите дека една партија доминира, наспроти друга, кога впрочем гласовите од трите дена се пребројуваат точно по завршување на гласањето на главниот изборен ден (15 јули, среда).