ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Осуда за прекршувањето на предизборниот молк од страна на онлајн медиуми

July 14, 2020 14:48
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро ги осудуваат, како што наведуваат во соопштение, случаите на грубо прекршување на изборниот молк од страна на повеќе онлајн-медиуми во текот на вчерашниот ден, нагласувајќи дека е тоа сериозно компромитирање на изборниот процес.

– Се оди дотаму што медиуми коишто и самите потсетуваат како да се избегнат изборните нерегуларности, со своето известување ги нарушуваат правилата на известување од избори, до степен што си дозволуваат да објавуваат и проценки на изборните резултати и да соопштуваат непостоечки, неофицијални, податоци од досегашното гласање. Освен што на овој начин сериозно ги нарушуваат етичките стандарди и норми за известување при избори, со своето известување, овие портали се однесуваат во спротивност и со Изборниот законик, во кој јасно е наведено дека „за време на изборниот молк престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања“ и дека се забранети „какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите“. Дополнително, штетат на самиот изборен процес, станувајќи орудие во рацете на партиски центри, наведуваат ЗНМ и СЕММ во реакцијата.

Потсетуваат и дека дел од овие портали се наоѓаат на списокот на Државната изборна комисија за платено политичко рекламирање со парите на сите граѓани, од Буџетот, при што со непочитувањето на фундаменталните принципи на известување тие, како што наведуваат ЗНМ и СЕММ, се ставаат во ист кош со професионалните редакции.

– Медиумите ги потсетуваме дека изборниот молк е фаза во којашто на гласачите треба да им се овозможи да ги анализираат добиените информации за политичката понуда во текот на кампањата и да одлучат кому ќе му го доделат својот глас. Упатуваме повик до членките на Регистарот на професионални онлајн медиуми (www.promedia.mk) доследно и целосно да ги почитуваат професионалните и етичките стандарди во известувањето и да не послужат како средство за политичка агитација и пропаганда. Во исто време, ги повикуваме и агрегаторите на вести сериозно да се ангажираат во преиспитување на тоа дали ќе го отстапуваат својот простор за содржини со коишто се заобиколуваат и игнорираат професионалните стандарди и законските одредби, пишува во реакцијата на ЗНМ и СЕММ  со која тие го осудуваат грубото прекршување на изборниот молк од повеќе онлајн-медиуми.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Преглед на вести во 15 часот: Гласањето се одвива мирно и без никакви проблеми, утре е неработен ден за сите граѓани, 40 отсто повеќе оздравени лица за една недела...

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп: Договорот за Газа е блиску, можеби ќе го посетам Блискиот Исток во текот на викендот

October 8, 2025

(ВИДЕО) Професорката Татјана Стојаноска Иванова: Герасимовски е најдоброто решение за Центар

October 8, 2025

Филипче од Прилеп: Под превезот на лажниот патриотизам донесоа ослабена економија и поделена држава

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk