Во координација со директорот на ДИЖС испратени се инспектори на терен, соопштија од Инспекторат на Град Скопје.
„Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат овој пат казната ќе биде многу поригорозна. Минатиот пат правниот субјект беше казнет со 100.000 евра. Се работи за река Вардар кај Долно Лисиче“, соопштија од Инспекторатот.