„Левица сепак има фашистички наратив. Кај нас имаме десни радикалци кои се прикриваат со лево име. Тоа го правел Хитлер со национал-социјалистите. Дел од гласачите на Левица се збунети од називот на партијата, дел се збунети од наративот на партија дека се грижат за платите, но дел ги привлекол и тој шовинистички наратив“, изјави Алберт Муслиу за емисијата „Еуро-фокус“.
Тој додаде и дека 30 години ние ги обвинуваме политичарите, а ги амнестираме граѓаните.
„Сите ние сме учесници во тој процес. Не може политичарите неограничено да не лажат, ако ние не спремни да го прифатиме тоа. Многу е популарно за се да ги обвинуваме политичарите, како лажат, ветуваат нереални работи, а ние ги гласаме ама не им веруваме. Кога не лажат, треба граѓаните да одлучат против тоа“, вели Муслиу.