Политичката пaртија Левица денеска до Државната изборна комисија (ДИК) поднесе 425 приговири за нарушување на изборниот процес, соопшти партијата посочувајќи дека приговорите се поднесени преку овластено лице во ДИК поради, како што се наведува во објавата, бројни нерегуларнсоти во процесот на броењето и сумирањето на резултатите од гласањето, како и по добиените инфорамции за случени манипулации и фалсификати, пренесе Радио Слободна Европа.
„Овие приговори се однесуваат на голем дел од избирачките места од повеќе изборни единици каде набљудувачите на партијата, но и други лица кои непосредно беа сведоци на броењето на гласовите, ни дадоа инфорамции за манипулации спроведени од страна на лица на ДИК“, се вели во објавата на партијата на социјалната мрежа Фејсбук.
Од партијата сметаат дека со тоа е директно оштетена дека ѝм се скратени тројца пратеници, но и оти во текот на денот ќе продолжи да поднесува приговори до завршувањето на законскиот рок од 48 часа.
Роковите за приговори почнаа да течат вчера вечер, откако Државната изборна комисија ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите.
Претседателот на ДИК Оливер Деркоски денеска изјави дека по завршувањето на роковите за поднесувањер приговори, ДИК ќе закаже јавна седница на која ќе ги разгледува и ќе одлулува за приговорите.
Левица освои два мандати според резултатите кои ги објави ДИК по одржувањето предвремени парламентарни избори на 15 јули во земјава во услови на пандемија на коронавирусот.