ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Коментар на најслушаното француско радио Франс Интер: Заев за 30 месеци успеа да го оствари тоа што никој не успеа за 30 години

Северна Македонија беше трн во ногата на целиот регион од осамостојувањето од Југославија пред скоро триесет години. Тука е сконцентрирана сета етничка разноликост во регионот: словенското православно мнозинство, големо муслиманско албанско малцинство – четвртина од населението , Роми, па дури и турско малцинство. И исто така концентрат на регионални влијанија, објаснува коментаторот.

July 18, 2020 16:11
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Черчиловата судбина на Северна Македонија“ – под овој наслов најслушаното француско радио Франс Интер, кое е дел од јавниот сервис, се осврна со долг коментар на последните парламентарни избори во Северна Македонија, кои според коментаторот „беа клучни за земјата, која имаше избор помеѓу влегување во Европската унија или предавање на националистичките сирени“, јави дописникот на МИА.

-Вистина е дека законодавната судбина на оваа мала балканска земја со едвај два милиони жители може да изгледа анегдотска. И, сепак, она што се одлучи во Скопје е возбудливо и круцијално, објаснува Антони Беланже, во една од најслушаните хроники „Геополитика“ на француското радио Франс Интер.

Прво, вели тој, ситуацијата: Северна Македонија беше трн во ногата на целиот регион од осамостојувањето од Југославија пред скоро триесет години. Тука е сконцентрирана сета етничка разноликост во регионот: словенското православно мнозинство, големо муслиманско албанско малцинство – четвртина од населението , Роми, па дури и турско малцинство. И исто така концентрат на регионални влијанија, објаснува коментаторот.

-Да бидам брз, имате од една страна националисти кои гледаат кон Москва и социјалдемократите кои, од своја страна, сонуваат за Европа и НАТО. Во средина ги имате Албанците чии партии ќе го определат идниот премиер. Но, пред сè, ја имате Грција, вели францускиот аналитичар.

Грција, како што објаснува Франс Интер, „признава само една Македонија“

Грците повеќе од 30 години го спречуваа својот мал сосед легално да постои, одбивајќи земјата да го носи името Република Македонија. За Атина, единствената и уникатна Македонија е грчка и го има Солун како главен град. Очигледно, толку многу упорност им служеше прекрасно на националистите од Скопје кои веќе 25 години ги имаа Грците како страшило, потсетува Антони Беланже.

-Потоа, дојде едно демократско чудо: во 2016 година – социјалдемократите предводени од младиот лидер Зоран Заев – формираа сојуз со албанските партии и ја зазедоа власта. Тогаш, сè започна да се одмотува. Зоран Заев успева да го оствари за 30 месеци тоа што никој од неговите претходници не успеа да го стори за 30 години: прво потпишување во 2018 година договор со Грција. Земјата оттогаш се нарече Северна Македонија. Потоа, минатиот март да стане 30-та членка на НАТО. Конечно, таа ќе ги почне преговорите за членство во Европската унија. За неколку месеци странските инвестиции се удвоија и Грција ја отвори границата. Зоран Заев е еден вид Черчил од Балканот, вели коментаторот,

Франс Интер притоа потсетува и на, како што се посочува, не многу разбирливото вето на Париз за почетокот на преговорите, со што, на еден начин Франција ја имаше улогата на „лош генијалец“ кој доведе до овие избори.

-Судбината на земјата не би била споредлива со онаа на Черчил, ако немаше пот, крв и солзи, нели? Значи, мораше да има лош генијалец во оваа приказна. И овој лош генијалец, замислете, тоа е Франција, нагласува Франс Интер.

Во овој контекст коментаторот посочува на одлуката за предвремените избори.

-Во октомври 2019 година, Париз ги блокираше преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската унија. Премиерот Зоран Заев се обидува да темпира: но Париз не прифаќа и опстојува. Така минатиот јануари беше принуден да свика предвремени избори. Причините што ја натераа Франција да биде непопустлива на овој начин се веројатно одлични. Но, потребно е многу време да се објаснат. Резултатот од ветото на Париз е тоа што им даде нова надеж на проруските националисти и со тоа на Москва, продолжува кометарот.

Тој заклучува дека влоговите на предвремените избори во земјава беа Брисел или Москва.

–Москва, која прави сѐ за да го оддалечи  Скопје што е можно побрзо од Брисел и НАТО. Тоа беа влоговите на парламентарните избори: Брисел или Москва. Неизвесноста сè уште трае. Двете страни добиваат од 35 до 36% од гласовите со предност за еврофилите. На крајот на краиштата, социјалдемократите треба да разговараат со албанските партии и да го избегнат познатото проклетство на Черчил, според кое еден херој го одведе својот народ до победа, но ги загуби изборите, колку тоа и да не му се допаѓа на Париз, завршува хрониката „Геополитика“ на Франс Интер./МИА/

Next Post

СДСМ: Деркоски должи одговори за денот на изборите

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk