Хакерите кои неделава ги нападнаа Твитер профилите на познати личности се млади луѓе кои не се поврзани со организиран криминал, јави Њујорк Тајмс вчера, пренесува Јаху.
Нападите кои ги истражуваат и Твитер и федералната полиција, започнале како игра меѓу хакерите на платформата Дискорд, позната меѓу гејмери, тврди Тајмс.
Весникот тврди дека интервјуирале четворица од хакерите кои учествувале во нападите и кои споделиле логови и слики од она што се случило.
Интервјуата наведуваат дека нападите не биле дело на една конкретна држава како Русија, ниту пак на некоја софистицирана група хакери, се вели на Тајмс.
Впрочем, нападите се дело на група млади луѓе – еден од нив вели дека сѐ уште живее со мајка му. Хакерите ги збилижила нивната опсесија да имаат несекојдневни интернет имиња (јузери), најчесто со една буква или бројка, како на пример @y или @6.
Зголемениот број напади на Твитер профили на познати личности како Илон Маск и Џо Бајден ги покрена прашањата за безбедноста на Твитер, со оглед на тоа дека мрежата служи како гласило на политичарите пред престојните претседателски избори во ноември во САД.
На својот официјален профил, од Твитер пишаа „според она што го знаеме засега, во инцидентот беа опфатени околу 130 профили“.
Извор: Јаху.
Превод: А. Н. С.