Скопјанка во полиција пријавила обљуба врз нејзината 13 -годишна ќерка, информира МВР.
-На 20.07.2020 во 14.00 часот во СВР Скопје, 41 – годишна жена од Скопје пријавила обљуба врз нејзината 13 – годишна ќерка. Според пријавеното, кон крајот на 2019 малолетничката најпрво контактирала преку социјалните мрежи со пет малолетници од Скопје, со кои се познавала од претходно, а потоа имале и интимни контакти- информира МВР.
За настанот е известен тим од Центарот за социјални работи и Jавен обвинител.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.