ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прв случај на Ковид-19 во Македонска Каменица, заседавеше Општинскиот кризен штаб

Општинскиот штаб за заштита и спасување бара од Државниот пазарен инспекторат и МВР да започне со засилени и редовни контроли во работењето на угостителските, трговските и производствените објекти на територија на општината во однос на почитувањето и придржувањето кон протоколите за заштита и спречување на ширење на заразата со Ковид-19.

July 24, 2020 21:37
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По првиот случај на коронавирус во градот, во Македонска Каменица заседаваше Општинскиот кризен штаб. Во рамки на дискусијата околу моменталната состојба со Ковид-19 во општината, помеѓу другото беше истакнато дека степенот на почитување и спроведување на мерките и протоколите за заштита на личното и јавното здравје кај граѓаните, со одредени исклучоци, е на незадоволително ниво.

Надлежните информираа дека покрај редовните активности кои обезбедуваат колективна и лична заштита од Ковид 19, општина Македонска Каменица во наредниот период ќе продолжи интензивно да работи на подигање на свеста кај граѓаните и институциите за заштита на личното и јавното здравје.

-Во таа насока ќе продолжиме со редовни и воведување на вонредни акции за темелна дезинфекција на фреквентните јавни површини во општина Македонска Каменица. Според претходно утврдена динамика за работа на ЈП „Камена Река“ и Територијалната противпожарна единица, ќе бидат третирани забавните детски паркови, повеќенаменските отворени спортски игралишта, јавните површини како плоштад, плочници, паркови, урбана опрема и влезовите со заедничките простории во станбените живеалишта, информираа надлежните.

Паралелно, Општинскиот штаб за заштита и спасување бара од Државниот пазарен инспекторат и МВР да започне со засилени и редовни контроли во работењето на угостителските, трговските и производствените објекти на територија на општината во однос на почитувањето и придржувањето кон протоколите за заштита и спречување на ширење на заразата со Ковид-19.

-За таа цел на 27 јули 2020, закажано е одржување на одделни средби со претставници од правните субјекти, кои вршат угостителски, производствени и услужни дејности на територијата на општина Македонска Каменица, почнувајќи од 12:00 часот. Во меѓувреме препораката до граѓаните е да избегнуваат присуство и организирање на јавни и приватни забавни настани, односно домашни веселби во затворен или на отворен простор, поради реална и зголемена можност од ширење на заразата со Ковид 19, а не е препорачливо движење во поголеми групи без минимално потребно растојание, како и подолг престој на повеќе лица во затворени простории, додадоа од Кризниот штаб.

Оттаму апелираа до граѓаните и сопствениците на трговските, услужните и угостителските објекти на територија на општина Македонска Каменица за почитување и строго придржување и спроведување на досега пропишаните протоколи и мерки за заштита од коронавирусот од страна на Владата и Комисијата за заразни болести.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Апасиев и Мицкоски заедно во опозиција

НАЈНОВО

Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

October 9, 2025

МФ: Се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра

October 9, 2025
Стевчо Јакимовски

Јакимовски: Мицкоски сака да им продаде мачка во вреќа на карпошани

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова гимназија во Аеродром и трипати поголема поддршка за младински проекти, ветува Шукова

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Професорката Татјана Стојаноска Иванова: Герасимовски е најдоброто решение за Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk